Марк Маркез ќе му се приклучи на Дукати во 2025 година

Шесткратниот светски шампион во Мото ГП, Шпанецот, Марк Маркез, потпиша двегодишен договор со Дукати Леново, од 2025 година.

Маркез (31) ќе го замени Италијанецот, Енеа Бастианини и ќе се трка заедно со актуелниот, двократен светски шампион, исто така Италијанец, Франческо Бањаја во фабричкиот тим.

Маркез, кој се пресели во Гресини Рејсинг лани во октомври (исто така тим под „капата“ на Дукати), по 11 години минати во Хонда, е на третата позиција сезонава.

– Многу сум среќен што ќе можам да ги носам црвените бои на фабричкиот тим на Дукати во Мото ГП следната сезона. Од првиот контакт со Десмоседичи ГП (моторот), уживав во возењето и веднаш се адаптирав.

Од тој момент знаев дека целта ми е да продолжам по тој пат, да напредувам и да се преселам во тимот каде што Бањаја две години по ред е светски шампион. Среќен сум и благодарен за довербата што ми ја укажа Дукати, изјави Маркез, кој во 2013-та стана најмладиот шампион во Мото ГП.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО