Начо сака да си замине од Реал, Анчелоти го премислува!

Фудбалерот на Реал Мадрид, Начо Фернадез, кој најави дека сака да си замине од тимот, можеби ќе се премисли на инсистирање на тренерот, Карло Анчелоти, тврдат дел од шпанските медиуми.

Начо, 34-годишниот дефанзивец, не крие дека размислува за трансфер во САД или во Саудиска Арабија откако ќе му истече договорот на крајот од јуни. На тоа реагирал легендарниот „дон Карло“ кој ќе се обиде да го убеди Начо да остане во клубот.

Во целата ситуација може да повлијае и новата титула во Лигата на шампиони (ЛШ) иако Начо засега не се изјаснува околу конечната одлука.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО