Бруно ќе бара поголема плата од Јунајтед!

Бруно Фернандеш кој се подготвува со Португалија за претстојното Европско првенство (ЕП) во Германија во фудбал, има намера да бара нов договор и поголема плата од Манчестер јунајтед.

Играчот од средниот ред кој сега добива 220.000 фунти неделно, ќе инсистира сумата да се зголеми до 300.000 колку што добиваат најплатените играчи на „црвените ѓаволи“.

Пред неколку денa се појави информација дека за услугите на Фернадеш, кој во септември ќе наполни 30 години, се заинтересирани екипи од Шпанија и од Германија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО