Македонија ЃП: Бобан Грнчаров ќе се обиде да избори опстанок

По поразот од Воска Спорт, освојувачот на купот, Македонија Ѓорче Петров се раздели со тренерот Тони Џангаровски, и на негово место го ангажира Бобан Грнчаров.

Грнчаров (41) имаше богата играчка кариера, но како тренер работеше само во Вардар. Сега го очекува тешка задача да избори опстанок со Македонија ЃП.

Денеска би требало Грнчаров да стави потпис на договорот со екипата од Ѓорче Петров, како трет тренер на екипата сезонава!

На почетокот тимот го водеше Горан Симов, меѓутоа пред четири месеци тој ја напушти функцијата. Негов наследник беше Тони Џангаровски кој тргна солидно, меѓутоа откако забележа шест порази во серија, мораше да си замине од позицијата.

На прволигашката табелата Македонија ЃП е последнопласирана со 18 бода, два помалку од Брегалница, три од Вардар и шест од Воска Спорт.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО