Холандскиот репрезентативец, Коди Гакпо, ја доби најлошата можна вест од својата татковина.
Неговиот нероден син почина. Тажната вест го затекна Гакпо во средината на подготовките на холандската репрезентација за првиот меч во нокаут фазата на Светското првенство против Мароко.
Неговата девојка Ноа ван дер Биј објави тажна порака на Инстаграм.
„Со скршено срце ве известуваме дека нашиот син почина за време на бременоста“, напиша Ван дер Биј, која требаше да се породи во октомври.
Самиот Гакпо реагираше на тажната вест.
„Ова е неверојатно тешко време за нашето семејство. Љубезно ве молиме за приватност и простор. Ви благодариме за разбирањето“, напиша тој на Инстаграм.
И покрај смртта на бебето, Гакпо останува со холандскиот тим на Светското првенство.
Foto:EPA