Алегри се чини не е премногу разочаран од поразот во Неапол: Одиме во вистински правец

Јувентус загуби во Неапол синоќа (2:1), но како стојат работите, Масимилијано Алегри не е премногу разочаран, бидејки ова е како што самиот вели, „дел од процесот“.

Зборувајки за медиумите по поразот во Неапол, истакна дека нивната цел е битката за пласман на првите четири позиции кои водат во ЛШ идната сезона.

– Момците одиграа добро, имавме свои добри шанси, но не ги искористивме. Ова е се еден голем дел од процесот на растење, на созревање на екипата, го бараме вистинскиот баланс на големите натпревари. Во добра позиција сме, имаме уште 11 натпревари до крајот, имаме за што да се бориме и да ги оствариме нашите цели.

Ова несомнено беше една од најмладите екипи во историјата на Јувентус, тоа секако, што значи дека работиме добро и во вистински правец. Бевме на чекор од бод, но не се случи тоа. Целта ни е да им помогнеме на младите играчи да се интегрираат во фудбалот. Не сум бесен, само сум тажен поради поразот, порача Алегри.

Многу од навивачите на Јувентус нема да се согласат со констатацијата на Алегри, бидејки сметаат дека нема простор за импровизации и дека немаат право на повеќе од два или три кикса а да не им биде загрозена позицијата.

Интер е лидер во првенството со 69 бодови и меч помалку, па следуваат Јуве со 57, Милан со 56, на четвртата позиција Болоња со 51 бод.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО