Македонија домаќин на квалификацискиот турнир за ЕП 2025, за фудбалери до 19 години

Младата фудбалска репрезентација на Македонија (до 19 години), од 20 до 26 март ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир во рамките на елитната рунда за пласман на Европското првенство (ЕП) 2025 што ќе се одржи во Северна Ирска.

Македонија е во групата 7, со репрезентациите на Швајцарија, Украина и на Летонија. Натпреварите ќе се играат во Скопје, на тренинг центарот „Петар Милошевски” и на стадионот на Македонија Ѓорче Петров.

Во првото коло, на 20 март, избраниците на селекторот Тони Јакимовски, ќе се соочат со Украина, на тренинг центарот „Петар Милошевски”. Во вториот натпревар играат Швајцарија и Летонија, на стадионот на Македонија ЃП.

Три дена подоцна во второто коло, на 23 март, Македонија игра против Швајцарија (тренинг центар „Петар Милошевски”). Во Ѓорче Петров, во вториот натпревар ќе се сретнат Украина и Летонија.

Во третото коло, на 26 март, Македонија игра со Летонија (тренинг центар „Петар Милошевски“), a Украина со Швајцарија (стадион на Македонија ЃП). Сите натпревари почнуваат во 14 часот.

Победникот во групата 7 во Скопје, ќе се пласира во завршницата на ЕП 2025-та што ќе се одржи од 15 до 25 јули.

Селекторот на Македонија, за квалификациските мечеви ги повика следните фудбалери:

Голмани: Љупче Џеков (Силекс), Петар Јакимов (Беласица), Давид Стојановиќ (Македонија ЃП)

Одбрана: Анес Мељичи (Шкендија), Андреј Велков (А.П. Брера), Андреј Аризанковски (А.П. Брера), Даниел Марковски (Хелсинборг, Шведска), Ѓорѓе Џеков (Силекс), Марко Стојилевски (А.П. Брера)

Среден ред: Валон Алији (Унион Берлин, Германија), Зани Назиф (Беса), Мухамед Елмас (Гостивар), Мартин Ѓоргијевски (А.П. Брера), Теодор Николовски (Работнички), Лорик Каба Јакупи (Шкендија), Лорик Мухтари (Ешеде, Германија), Амир Нухија (Арсими), Димитар Данев (Работнички), Адриан Зенделовски (Сковде АИК, Шведска)

Напад: Хакија Цановски (Сент Гален, Швајцарија), Никола Величковски (Македонија ЃП)

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО