Никола Јокиќ, како и Лука Дончиќ, одигра уште еден неверојатен натпревар дури и според неговите високи стандарди. Т
Тој беше најзаслужен за најголемиот пресврт во сезоната и победата на Денвер против Торонто 125:119. Гостите од Канада водеа со 22 поени разлика, на полувремето имаа и огромни +17, за да сепак бидат поразени.
Јокиќ со феноменалниот трипл-дабл ефект, 31 поен, 14 скока, 11 асистенции и дури шест украдени топки, му ја обезбеди победата на актуелниот НБА шампион.
Тоа што Јокиќ, МВП-то на ланската финална серија, оствари трипл-дабл ефект и не е некоја новост бидејќи ова беше 126-ти натпревар со ваков учинок за него во најсилната лига на светот.
Но, она со што ќе влезе во историјата е тоа што покрај ефектот во споменатите категории, Јокиќ имаше и шест украдени топки.
– Со 31 поен, 14 скока, 11 асистенции и дури шест украдени топки, Јокиќ забележа бројки кои досега никој не ги постигнал откако водиме евиденција на украдени топки од 1973 година па наваму, објави НБА на своите социјални медиуми.