Клубовите од Премиер лигата гласаа за воведување нови финансиски правила

Клубовите од англискaтa Премиер лига постигнаа договор за воведување нови финансиски правила за профит и одржливост, објави „Скај спортс“.

Тоа доаѓа неколку дена пред официјалното гласање на Владата на Велика Британија за таканаречениот „Нов договор за фудбалот“, со кој треба да се воведе нова законска рамка за фудбалот.

– Клубовите се согласија да му дадат приоритет на брзиот развој и имплементацијата на новиот финансиски систем во лигата. Ова ќе им даде сигурност на клубовите околу идните финансиски планови и ќе осигура дека Премиер лигата ќе ја одржи постојната водечка светска инвестиција на сите нивоа на играта, се вели во соопштението на ФА.

Новите правила се очекува да донесат поголема одржливост на локалните клубови и да и овозможат на Премиер лигата да ја задржи моменталната водечка позиција во однос на инвестициите во секој аспект од играта.

Сепак, освојувачот на тројната круна лани, Манчестер сити гласаше против предложените промени. Новиот систем би можел да биде воведен летово, но нема да влијае врз тековните случаи против Евертон, Нотингем форест и Манчестер сити за прекршување на финансискиот фер-плеј.

Во меѓувреме, 20-те клуба го отфрлија пакетот од 900 милиони фунти предложен од раководството за помош на клубовите во трите пониски дивизии (Чемпионшип, Лига 1 и Лига 2).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО