Италијанскиот репрезентативен напаѓач, Матијас Закањи, вели дека Швајцарија е добро подготвена селекција и дека ќе биде тешко да се победи во утрешниот меч од осминафиналето на ЕП.
– Тие во ростерот имаат многу искусни играчи а дел од нив играат и во нашиот шампионат“ – вели младиот фудбалер на „Азурите“.
– Тие се борат зеднички на теренот. Имаат квалитет на сите позиции. Играат компактно. Ќе биде тежок меч но, се надевам дека ќе победиме – изјави Закањи за сајтот на УЕФА.