Ливерпул се збогува со Енди Робертсон

Клубот официјално потврди дека Енди Робертсон, легендарниот лев бек и капитен на Шкотска, ќе го напушти „Енфилд“ по завршувањето на оваа сезона.

По девет години исполнети со борбеност, спринтови по левата страна и многу трофеи, 32-годишниот Робертсон заминува како слободен агент по истекот на неговиот договор.

Иако оваа сезона ја загуби стартната позиција од младиот Милош Керкез (започна само 6 меча во Премиер лигата), Робертсон сè уште е баран на пазарот. Тотенхем веќе подолго време работи на неговиот ангажман, а интерес покажа и Атлетико Мадрид.

Како слободен играч, Шкотланѓанецот ќе може да бира каде ќе ја продолжи кариерата, а неговиот професионализам и искуство се магнет за топ-клубовите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО