ЛА Лејкерс како гости го совладаа Голден стејт со резултат 119:103, а прво име на натпреварот беше Леброн Џејмс.
Џејмс забележа 26 поени, 11 асистенции и осум скока, предводејќи ги Лејкерси до четврта последователна гостинска победа против Вориорс. Џејмс (41), чија иднина по 23 години во лигата и понатаму е неизвесна, шутираше 11 од 17 од игра, со три погодени тројки.
Љубителите на кошарката останаа без дуелот на долгогодишните ривали, бидејќи Стеф Кари го пропушти натпреварот.
По враќањето на теренот по 27 пропуштени натпревари поради повреда на десното колено, Вориорс не сакаа да ризикуваат Кари да игра две вечери по ред.
Резултати:
Торонто – Мајами 128:114
Вашингтон – Чикаго 108:119
Бруклин – Индијана 94:123
Њујорк – Бостон 112:106
Хјустон – Филаделфија 113:102
Голден Стејт – ЛА Лејкерс 103:119