Ноќта на „Камп Ноу“ донесе разочарување и гнев во таборот на Барселона, а најгласен по поразот од 0-2 од Атлетико Мадрид беше тренерот Ханси Флик.
Германецот без задршка го критикуваше судењето, ставајќи ја под знак прашалник улогата на ВАР во натпревар обележан со контроверзниот црвен картон на Кубарси во завршницата на првото полувреме.
Клучниот момент дојде по игра со рака во шеснаесетникот од Пубил, за која Флик сметаше дека требало да биде досуден пенал.
Тој јасно истакна дека не може да разбере зошто немало реакција од ВАР собата, сугерирајќи дека ваквите одлуки можат целосно да го променат текот на натпреварот.
Дури и саркастично се осврна кон ВАР-судијата Кристијан Дингерт, дополнително вжештувајќи ја веќе напнатата атмосфера по мечот.
Барселона на почетокот имаше контрола на натпреварот и создаваше шанси. Маркус Рашфорд и Ламин Јамал беа неуморни по крилата, додека Педри го диктираше темпото со смиреност и покрај тоа што не беше целосно подготвен.
Но, сè брзо се смени. Црвениот картон за Пау Кубарси, во ситуација што исто така предизвика сомнежи, ја остави Барселона со играч помалку.
Само неколку моменти подоцна, Хулијан Алварез го постигна водечкиот гол за Атлетико од фантастичен слободен удар, со што се смени текот на натпреварот.