Ферари му се доближува на Ред Бул

Макс Верстапен, Серхио Перез и Ред Бул одлично ја почнаа сезоната во Формула 1 (Ф1), со две двојни победи, во Бахреин и во Саудиска Арабија.

Ферари пак освои две трети места, најпрвин Карлос Саинц, а потоа Шарл Леклер. На трката за Големата награда (ГН) на Австралија во Мелбурн викендов, Ферари ќе биде поблиску до Ред Бул, смета возачот на италијанскиот тим.

Леклер беше побрз од Верстапен за 0,381 секунди на вториот петочен тренинг во Мелбурн, а Саинц беше трет. По добриот ден, Леклер рече дека чувствува оти Ферари можеби  ја има „најдобрата шанса“ да го предизвика Ред Бул сезонава.

– Нашите шанси се слични како на првите две трки. Но очекуваме голема битка во квалификациите, ќе видиме што ќе се случи, потенцира Леклер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО