Првиот човек на фудбалскиот состав Наполи, Аурелио де Лаурентис, вели дека ќе направи се’ да го задржи напаѓачот, Квича Кварацхелија.
– Ќе разговараме за продолжување на договорот со него и неговите агенти и ќе му дадеме понуда, ги пренесоа италијанските медиуми зборовите на Лаурентис.
Неодамна агентот на Грузиецот наметна став дека Кварацхелија сака да го напушти тимот бидејќи има желба да игра во Лигата на шампиони.