Ламин Јамал и Нико Вилијамс го пропуштија денешниот тренинг на Шпанија

Крилните играчи на Шпанија, Ламин Јамал и Нико Вилијамс, како и играчот од средниот ред Фабијан Руиз, го пропуштија тренингот на репрезентацијата три дена пред четвртфиналниот натпревар со Германија на ЕП 2024 , кој ќе се одигра на 5 јули, објави „Марка“.

Изворот не ја наведува точната причина за отсуството на овие играчи од тренинингот, но нагласува дека „ниту еден од нив нема проблеми што би ги спречиле да се подготват за следниот натпревар“.

Покрај тоа, централниот дефанзивец Ајмерик Лапорт тренираше одвоено од останатата генералната група шпански репрезентативци и предвреме го одработи тренингот.

Да потсетиме, натпреварот помеѓу Шпанија и Германија ќе започне во 18 часот на 5 јули и ќе се одигра на Мерцедес-Бенц Арената во Штутгарт.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО