Лабудовиќ: Треба да бидеме задоволни, иако жалиме за нешто повеќе

Капитенот на нашата женска тениска репрезентација, Димитар Лабудовиќ, го искоментира настапот во Втората Евро-африканска зона. Македонија со три победи и еден пораз го освои четвртото место.

– Тргнавме со желба за опстанок, всушност тоа беше и нашата цел а за малку не стигнавме да играме плеј оф за пласман во Првата Евро-африканска зона односно плеј оф од 1-3.место. Секоја победа што ја постигнавме беше исклучително важна а имаме ист скор со Литванија која се пласираше во Првата зона – вели Лабудовиќ.

– На крајот некако сите жалиме за нешто повеќе, пред се што не игравме плеј-оф за промоција. Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска исто како и претходните години ги носеа поените. Другите тенисерки помладите (Ива Данева, Ана Митевска и Теона Андова), ова за нив беше големо искуство и ова треба да им биде мотив како треба да работат – изјави меѓу друготот Лабудовиќ за сајтот на МТФ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО