Aнглискиот гигант ќe отпушти над една петина од вработените!

Англискиот фудбалски гигант, Манчестер jунајтед планира да отпушти околу 250 вработени како дел од далекусежната програма за намалување на трошоците. Според податоците од јуни 2023-та, Јунајтед имал 1.112 вработени.

Вработените во сите ресори и на сите нивоа во клубот ќе останат без работа, освен во хуманитарното здружение „Манчестер јунајтед фондација“. Ова ќе значи намалување на бројот на вработени за 22 отсто.

Манчестер јунајтед минатата сезона го зазеде осмото место во првенството, што е најлош пласман на 20-кратниот шампион на Англија од формирањето на Премиер лигата на почетокот од 1990-те.

Ова значително намалување на трошоците доаѓа само еден месец откако британскиот милијардер Џим Ретклиф, кој поседува 25 отсто од акциите во клубот, формално го презеде раководењето со „фудбалските операции“ во Јунајтед.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО