Кол Палмер израмни рекорд на Еден Азар

Крилниот напаѓач на Челси, Кол Палмер, постигна два гола на вчерашниот меч со Барнли и стана првиот играч на „сините“ кој постигнал гол на пет последователни натпревари во Премиер лигата. Претходно вакво нешто му успа на Еден Азар, во декември 2014 година.

Палмер е петтиот играч кој забележал најмалку 20 гола во првата сезона во клубот. Пред него тоа го направија Џими Флојд-Хаселбанк (32, 2000/01), Еден Азар (20, во 2012/13), Диего Коста (23, во 2014/15) и Сеск Фабрегас (21, во 2014.15-та).

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО