Манчестер сити и Арсенал ремизираа, профитира Ливерпул!

Манчестер сити и Арсенал одиграа разочарувачки дерби натпревар, без голови, на стадионот „Етихад“, со што му донесоа предност на Ливерпул во трката за титулата во Премиер лигата.

Ливерпул сега е лидер на табелата со 67 бода, два бода повеќе од Арсенал, односно три повеќе од Сити, на девет кола до крајот на првенството.

За Манчестер сити ова беше прв натпревар без голови по оној против Борусија Дортмунд во октомври 2022 година, во групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ).

Се чини дека Арсенал и нивниот менаџер, Микел Артета, е позадоволен од ремито бидејќи тактиката со „паркиран автобус“ во 16-те метри, наместо да игра отворено и да напаѓа, вроди со плод, освои бод, но и загуби два!

Арсенал играше крајно дефанзивно, го фрустрираа Сити и го ограничија на само еден удар на голот што не им се случува многу често. Изгледа дека единствениот што ќе профитира од овој дуел ќе биде Ливерпул!

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО