Според „Опта“, Баер Леверкузен веќе ја освои Бундеслигата!

По вчерашниот пораз на Баерн Минхен на домашен терен од Борусија Дортмунд (0:2), шансите на Баер Леверкузен за освојување на титулата во Бундеслигата се искачија на фантастични 99,6 насто!

Компанијата за фудбалска статистика „Опта“ е уверена дека Баер нема да ја испушти шансата да го крене шампионскиот пехар. Користејќи суперкомпјутер со милиони анлитички комбинации, тие пресметаа дека во моментов играчите на Чаби Алонсо имаат речиси 100 настотна ситуација во своја полза во траката за титулата.

Пред почетокот на сезоната, „Опта“ на Баер му даде само 40 отсто шанси за освојување титулата. Баерн беше прв фаворит со 52,4 отсто.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО