Ван Хеке од Брајтон се пресели во Тотенхем

Тотенхем продолжува да го засилува тимот за следната сезона, во северен Лондон пристигна уште еден дефанзивец.

Откако, бесплатно од Борнмут, во Тотенхем простигна Аргентинецот, Маркос Сенеси, договорот со клубот потпиша и Јан Пол Ван Хеке.

Холанѓанецот има 26 години и доаѓа од Брајтон, каде што играше редовно во последните три сезони. Како и Сенеси, и тој е централен дефанзивец. Играше 13 пати за холандската репрезентација.

 

Тој моментално е со својата репрезентација на Светското првенство.

Тренерот Роберто Де Зерби инсистираше на трансферот на Ван Хеке, ги знае неговите квалитети, бидејќи имаше можност да работи со него во Брајтон.

Foto:EPA

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО