Каро и Баер не стравуваат од евентуалното заминување на Алонсо

Извршниот директор на Баер Леверкузен, Фернандо Каро, убеден е дека клубот ќе продолжи да биде успешен дури и ако тренерот Чаби Алонсо си замине летово.

„Фармацевтите“ не се поразаени од почетокот на сезоната и сигурно чекорат кон шампионскиот пехар во Бундеслигата, прв во клупската историја!

Каро, вели дека нема да биде трагедија доколку Алонсо си замине на крајот од првенството.

– Чаби е дел од сложувалката и таа нема да се распадне ако тој не остане тука. Ние сме врвна екипа, имаме стручен штаб, спортски директор, стабилна структура. Повеќето од луѓето кои се заслужни за успесите остануваат со нас, вели Каро.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО