Кизиќ: Среќен сум што и јас имав удел во победата

Голманот Марко Кизиќ, се најде во составот на Македонија на мечот против Швајцарија поради повредата на капитенот Никола Митревски, и покажа дека на него може сериозно да се смета во иднина.

Тој и Мартин Томовски беа најдобри кога беше најпотребно, во миговите кога се решаваше мечот.

-Имаше многу адреналин кога ми беше кажано да влезам во игра. Бев возбуден и кога дознав дека ќе бидам во тимот, добро се подготвив и ја чекав шансата, Цело време бев во мечот и дишев заедно со мојот колега Томовски и со останатите. Немаше време за размислување, емоциите дури сега се покажуваат. Сега сфаќам дека и јас имав удел во големата победа. Среќен сум што и јас добро си ја завршив работата, изјави Кизиќ.

Кизиќ одбрани два шута, еден пенал и еден „зицер“.

-Влегов да бранам, тоа најдобро знам. Далеку од тоа дека на среќа ги скротив ударите. Секоја капка пот на тренинзите ја пролевам за да го сторам тоа што го направив вечерва. Секогаш постои и среќа, но најбитна е работата и трудот, истакнува голманот на Пелистер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО