Драстични казни за скандалот: Вујовиќ не ќе може да работи во Хрватска!

Дисциплинскиот судија на Хрватскиот ракометен сојуз (ХРС), Среќко Илиќ донесе одлука за казнување на играчите на РК Нексе, Марко Безјак и Андраж Велкаврх, и на довчерашниот тренер, Веселин Вујовиќ поради инцидентот што се случи на натпреварот меѓу Нексе и Загреб на 7 април годинава.

Натпреварот од 5. коло од Премиер лигата Пакет24 беше прекинат во последната минута од првото полувреме при водство на Загреб со 16:9. Прекинот настанал откако Безјак на минување го удрил делегатот на натпреварот, Анто Јосиќ со рамо во грбот, кој потоа паднал на земја. Натпреварот е регистриран со победа на Загреб од 10:0.

Дисциплинскиот судија на ХРС му изрече 12-месечна забрана за играње ракомет на Безјак. На Вујовиќ му е изречена мерката забрана за вршење на тренерската функција во траење од три месеци, а Велкаврх е казнет со неиграње на четири натпревари. Дополнително, Нексе е казнет и парично, со 4.000 евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО