Како заврши, така почнува: Верстапен ја отвори сезоната со победа во Бахреин

Макс Верстапен ја отвори новата сезона со победа на трката во Бахреин.

Возачот на Ред Бул каде застана минатата сезона, таму продолжува, триумфално уште од почетокот, што само најавува дека и четвртата сезона може да биде негова.

Дека Ред Бул ќе има нова успешна сезона, најавува „еден-два“ победата на нивните возачи. На третата и четврта позиција завршија возачите на Ферари, Карлос Саинц и Шарл Леклер.

Во топ10 на оваа почетна трка сезонава завршија уште и Џорџ Расел, Ландо Норис, Луис Хамилтон, Оскар Пијастри, Фернандо Алонсо и Ленс Строл.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО