Алкараз уверува: Ќе има драми на Ролан Гарос, има повеќе фаворити

По елиминацијата на Рафаел Надал од Париз, апетитите на „вториот ешалон“ тенисери пораснаа.

Новак Ѓоковиќ е еден од фаворитите на Ролан Гарос, а шпанскиот тенисер Карлос Алкараз очекува дека ќе има драма во преостанатиот дел од турнирот.

– По елиминацијата на Рафа, во Париз веќе се лицитира со имиња кој би можел да биде победник на турнирот. Сите очекуваат мој дуел против Ѓоковиќ, но тука е и Синер. Има уште имиња кои можат да направат големи изненадувања.

– Не се сомневам дека не очекува драма во клучните дуели кои доаѓаат на програмата. Сигурен сум дека публиката ќе ужива, затоа што ќе има драма во Париз. Ќе има неверојатни мечеви до финишот, порача Алкараз.

Следниот дуел на Карлос Алкараз е во осминафиналето, каде го очекува подобриот од дуелот меѓу Шелтон и Оже Алијасим.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО