Централниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, младиот, 18-годишен, Лени Јоро опериран е и ќе биде надвор од терените три месеци, соопштија од „Олд Трафорд“.
Јоро потешко се повреди на контролката со Арсенал минатиот месец. На тој натпревар одигран во САД, центарфорот Расмус Хојлунд исто така се повреди ќе паузира шест недели.
Јоро летово дојде во Манчестер јунајтед од францускиот Лил и потпиша петгодишен договор.