Португалскиот офанзивен играч за врска, Ренато Санчес се пресели во Бенфика од Пари Сен Жермен, на заем, објави прес-службата на тимот од Лисабон на официјалната интернет страница.
Договорот е со важност од една година и вклучува опција за откуп на 26-годишниот Санчес кој потекнува од школата на Бенфика. Тој одигра 35 натпревари за првиот тим на Бенфика, на кои постигна два гола и имаше една асистенција.
Во летото 2016 година, Ренато беше купен од Баерн Минхен за 35 милиони евра, но не се наигра таму. Фудбалерот ја мина сезоната 2017/18 на заем во Свонси, а во 2019-та , се пресели во францускиот Лил, каде што ги мина следните три сезони.
Во август 2022 година, ПСЖ го купи играчот кој минатата сезона настапуваше за италијанската екипа Рома, на позајмица. За тоа време тој одигра 12 натпревари, на кои постигна само еден гол. Актуелниот договор со ПСЖ му е до летото 2027 година.