Данската велосипедистка, Солбјорк Минке Андерсон ќе ги пропушти Олимписките игри (ОИ) во Париз во 2024 поради бизарна причина.
Таа доживеала сообраќајна несреќа и се здобила со повреда на клучната коска како последица на удар од автомобил. Младата, 19-годишната велосипедистка, била удрена од автомобил додека тренирала на автопат во Данска.
Андерсон требаше да се натпреварува на ОИ како дел од данскиот тим во групната трка.