Италијано блиску до клупата на Наполи?

Италијанскиот весник „Ил Матино“ пишува дека менаџерот на Фиорентина, Винченцо Италијано е многу блиску до преземање на екипата на Наполи.

Откако стана јасно дека Антонио Конте се откажа од седнување на клупата на стадионот „Диего Армандо Марадона“, сега фокусот на претседателот на наполитанците, Де Лаурентис е на актуелниот тренер на „виолетовите“.

Весникот пишува дека има начелен договор меѓу двете страни во врска со потенцијалната соработка, иако Де Лаурентис се’ уште не се откажал и од тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини.

Гасперини побарал повеќе време за да донесе одлука, па оттаму првиот човек на Наполи се’ уште калкулира околу името на новиот тренер.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО