Пол Погба по четиригодишната суспензија: „Тажен сум, шокиран и со скршено срце“

Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Французинот Пол Погба изјави дека е „тажен, шокиран и со скршено срце“ по четиригодишната забрана за играње фудбал поради допинг.

Погба (30) беше привремено суспендиран лани во септември откако тестот покажа покачени нивоа на тестостерон во неговото тело, хормон кој ја зголемува издржливоста на спортистите.

-Сè што изградив во мојата професионална кариера ми е одземено. Како професионален спортист никогаш не би направил ништо недозволено за да ги подобрам своите перформанси. Никогаш не сум ги измамил колегите спортисти и навивачи на кој било од тимовите за кои сум играл, се наведува во соопштението на Погба.

Погба беше тестиран по случаен избор по првиот натпревар на Јувентус во сезоната на 20 август. Позитивниот тест беше потврден од италијанскиот национален антидопинг трибунал (Надо) во вториот примерок во октомври.

Погба рече дека верува оти пресудата е „неточна“ и дека никогаш „свесно или намерно“ не се допингувал.

-Кога ќе бидам ослободен од законски ограничувања, целата приказна ќе стане јасна, рече тој, додавајќи дека ќе поднесе жалба до Судот за спортска арбитража (CАС).

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО