Хрватските ракометари не го сакаaт прекарот „Каубојци“!

Хрватскиот ракометен сојуз (ХРС) испрати необично барање до медиумите, непосредно пред Европското првенство (ЕП) 2024 во Германија,

-Во многубројните наслови и написи во медиумите се споменува прекарот „Каубојци“ за хрватската машка сениорска репрезентација. Во име на репрезентативците, Стручниот штаб и ХРС, ве замолуваме да не го користите тој прекар за име на репрезентацијата, со оглед на тоа што сегашните играчи не беа дел од генерацијата кога се создаде споменатиот прекар, се наведува во соопштението.

Да потсетиме, првиот прекар што го носеше репрезентацијата беше „Пеколни“. Беше создаден како еден вид копија на легендарниот прекар на фудбалскиот тим, „Ватрени“. Но, тој епитет воопшто не им се допадна на ракометарите.

– Сепак „Пеколни“ низа години се појавуваше во медиумите, до Светското првенство (СП) во Германија 2007 година. Тогаш во еден момент Балиќ, Метличиќ, Доминиковиќ и другите се договорија јавно да кажат дека сакаат нов прекар, се потсетува Дражен Пиневиќ, колумнист и новинар на Спортски новости.

Пред СП во Хрватска во 2009 година, Метличиќ како капитен рече: „Можат да не’ нарекуваат како што сакаат, но не и „Пеколни“. Воопшто не’ ни се допаѓа тоа“.

Во тоа време во медиумите се’ почесто почна да се користи прекарот „Каубојци“, што беше одлично прифатено во спортската јавност.

Хрватите го загубија финалето од Французите, но навивачите во голем број ги пречекаа на централниот градски плоштад. Ракометарите тогаш носеа каубојски шешири и шамии…. До 2023 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО