„Се надевам дека Мбапе ќе го напушти Пари Сен Жермен“

Поранешниот француски фудбалски репрезентативец Кристоф Дигари се надева дека Килијан Мбапе ќе го напушти Пари Сен Жермен на крајот од сезоната.

Мбапе има договор со францускиот шампион до крајот на сезоната.Тој постојано одбиваше да ја продолжи соработката со клубот од Париз.

-Со целото мое срце се надевам дека ќе го напушти ПСЖ. Мбапе стагнира. Станува предвидлив во дуелите, му недостига сила и карактер. Често е невидлив на теренот. Неговиот изглед е негативен, се повеќе мавта со рацете. Ми се чини дека е малку изгубен. Работите не одат добро во ПСЖ веќе неколку месеци, изјави Дигари за RMC.

Тој истакна дека Мбапе во моментов е еден од најдобрите напаѓачи во светот.

-На секои шест месеци прашањето е дали Килијан ќе замине. Тоа ме прави лут и уморен. Сакам Мбапе да го избере клупскиот проект наместо неговиот личен. Уморен сум од гласините за неговата иднина, уморен сум од тоа. Не ми е гајле повеќе“, додаде Дигари, кој играше за француската репрезентација од 1994 до 2002 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО