Хрватскиот репрезентативен голман Филип Ивиќ најново засилување за Е.Пелистер

Екипата на Еурофарм Пелистер преку информација објавена на социјалните мрежи потврди дека повторно во клубот ќе игра хрватски репрезентативец. Голманот со големо интернационално искуство, Филип Ивиќ, е нов член на нашиот клуб. 31-годишниот Ивиќ доаѓа во Битола како слободен ракометар по истекот на договорот со францускиот Шамбери.

195-сантиметри високиот загрепчанин кариерата ја започна во матичниот клуб, играше во полскиот Киелце, бундеслигашот Гумерсбах, словенечкиот Целје Пивоварна Лашко, па пак назад во Загреб и минатата сезона во Шамбери.

Ивиќ долги години го носи дресот на националниот тим и настапи и на последното Европско првенство во Германија. Новиот голман на Еурофарм Пелистер потпиша договор на две години со македонскиот актуелен шампион.

Официјалното претставување на Ивиќ во Битола е предвидено на крајот на месец мај.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО