Хорхе ќе си замине од Стариот континент

Бразилскиот фудбалер, Хорхе, ќе се врати во татковината. 22-годишниот играч во 2022 година го напушти Сантош и дојде во Европа во Јувентус но, не успеа да се наметне.

Тој по една сезона кај „старата дама“ за која одигра 11 натпревари, беше испратен на позајмица во Фросиноне. Таму се појави на 22 меча со ефект од три гола и една асистенција. Денеска Јуве објави дека ќе се раздели со Хорхе кој ќе се врати во Бразил и тоа во екипата на Крузеиро.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО