Надал со вонредно обраќање: Донесов одлука во последен момент

Шпанскиот тенисер Рафа Надал, се обрати до медиумите во Барселона и потврди дека ќе учествува на тој турнир.

Во првото коло ќе се сретне против италијанскиот тенисер Флавио Коболи. Надал го одработи и последниот тренинг и процени дека треба да игра за да фати ритам пред Ролан Гарос, ако тоа телото му го дозволи.

– Среќен сум што сум овде, имам многу убави сеќавања од овој турнир. Доаѓањето овде е одлучено во последен час, ова беше позитивна недела за мене и утре ќе бидам на терен. Последниот тренинг помина добро, чувството е позитивно.

– Имав две тешки години, доаѓам по операција на колкот, се случуваа многу работи со моето тело, не ми дозволуваше да бидам на потребното ниво. Обожавам што сум повторно во Барселона. Ова е моја последна година низ турнирите и сакам да уживам во секој момент, чувствувам дека сум подготвен за првиот меч, се радувам на тоа, порача Рафаел Надал.

Шпанецот кој 12 пати триумфираше во Барселона, не сакаше да зборува премногу за тоа какви шанси има на овој турнир, но потенцира дека ќе даде се од себе за да остави добар впечаток.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО