Харт се прости од фудбалот

37-годишниот англиски голман Џо Харт ја заврши професионална кариера. Тој последните три години ги помина во Селтик и освои 7 трофеи.

– Мислев дека заминувањето е вистинска работа. Сакав да го симнам притисокот од тренерот и да го дадам најдоброто за клубот  – изјави голманот. Англичанецот помина 12 години во Сити (2006-2018) со кој освои 6 трофеи. Харт играше и за Тотенхем, Вест Хем Барнли, Бирмингем, Торино, Транмере, Шрусбери и Блекпул. Шест години го бранеше и голот на селекцијата на Англија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО