Хандбал прогнозира: Данска прв фаворит за титулата, Македонија на дното, 22-ра

Како и пред секое големо ракометно натпреварување, така и сега, угледниот портал „ракомет-планет“ (handballplanet.com) прогнозира кои селекции имаат најголеми шанси за триумф на ЕП во Германија.

Најголеми шанси и се дава на селекцијата на Данска, трикратниот светски шампион во низа (во 2019, 2021 и 2023-та), која чека на европската титула од 2012 година и победата над домаќинот Србија во финалето.

На тој турнир најефикасен беше Кире Лазаров, сегашниот селектор на Македонијуа, кој постигна 61 гол.

Најголеми ривали на Данска би требало да им бидат светскиот вицешампион и олимписки шампион, Франција, бранителот на титулата од минатото ЕП, Шведска и домаќинот Германија.

Солиден турнир им се прогнозира на Шпанија, Норвешка, Исланд и на Словенија. Најблиску до освојување на двете олимписки квалификациски визи се Исланд и Португалија.

Македонија е на 22-та позиција меѓу 24 репрезентации, пред Грција и Грузија, а зад Фарски Острови (21), Романија (20), Црна Гора (19), БиХ (18), Австрија (17), Полска (16), Швајцарија (15) итн на оваа прогнозерска, ранг листа на ракометниот портал.

Грција, Грузија и Фарските Острови дебитираат на ЕП.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО