Халеп се врати на терените и загуби на првиот меч

Романската тенисерка Симона Халеп, двократната грен слем шампионска и светски рекет број 1, го одигра и го загуби првиот натпревар по паузата од речиси една и пол година.

Таа последен пат настапи на Отвореното првенство на САД во 2022 година, по што следуваше суспензијата поради наводни допинг прекршувања. Таа доби четиригодишна забрана за играње тенис, која неодамна Спортскиот арбитражен суд (САС) и ја намали.

Во меѓувреме таа доби „вајлд-карта“ за настап на турнирот во Мајами, но во првиот меч беше поразена од Шпанката Паула Бадоса во три сета со 6:1, 4:6, 3:6

Халеп имаше голема поддршка на теренот, но не и од нејзината колешка Каролине Вознијацки, која јавно кажа дека не се согласува со одлуката на организаторите да ја повикаат Романката да настапи.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО