Поранешeн играч на Барса треба да плати над половина милион евра поради измама

Поранешниот турски репрезентативец Арда Туран (37) имаше богата кариера која заврши лани во септември. Турскиот напаѓач играше за Галатасарај, Манисаспор, Атлетико Мадрид, Барселона и за Башакшехир.

Најдобрите години ги мина во шпанскиот гигант, со кој освои десет трофеи, како и три со Галатасарај. Туран заработи милиони, но сега доживеа сериозен финансиски удар. Кривичниот суд на Барселона го осуди Турчинот за затајување данок во 2015 и во 2016 година.

На Туран му е изречена условна затворска казна од година и половина, а освен тоа ќе мора да плати и парична казна од 617.773 евра, на шест рати, за да избегне издржување на казната.

Исто така, Туран во рок од две години не смее да изврши кривично дело што може да предизвика затворска казна. Според обвинителството, Туран во 2021 година ја измамил државата за повеќе од 800.000 евра, а сега најголемиот дел од тоа кривично дело му е докажано преку суд.

Туран пред неколку години загубил поголема сума пари. Наводно го измамил Сечил Ерзан, директорот на филијалата на банка со седиште во Истанбул.

– Ми рече: „Кој ќе инвестира во овој фонд, ќе заработи пари“. Вложив повеќе од 13 милиони евра. Сите пари и труд, се’ што работев со години, наеднаш исчезна. Парите и трудот ми беа уништени. Целата заштеда ми се изгуби за миг, изјави Туран.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО