Украина е првиот предизвик за Македонија во елитните квалификации

Младата фудбалска репрезентација на Македонија (до 19 години) денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” (почеток во 14 часот), ќе го одигра првиот меч од елитните квалификации за пласман на Европско првенство (ЕП) што следната година ќе се одржи во Северна Ирска.

Во првото коло од групата 7, на мини квалификацискиот турнир во Скопје, Македонија ќе се соочи со силната селекција на Украина. Избраниците на селекторот Тони Јакимовски се надеваат на добар настап и на освојување на првите бодови.

– Свесни сме за приликата која ни се укажува, а тоа е можност за пласман на Европско првенство. Не знам дали некогаш повторно би имале прилика да се бориме за нешто толку големо и значајно за Македонија. Не’ очекува тежок натпревар против Украина, но ние сме подготвени и се надевам дека ќе оствариме позитивен резултат, изјави Мартин Ѓоргиевски, капитенот на Македонија.

Во вториот меч од групата, на стадионот на Македонија Ѓ.П. (14 ч.) денеска ќе се сретнат младите селекции на Швајцарија и на Летонија.

 

ќе се одржи во Северна Ирска.

Во првото коло од групата 7, на мини квалификацискиот турнир во Скопје, Македонија ќе се соочи со силната селекција на Украина. Избраниците на селекторот Тони Јакимовски се надеваат на добар настап и на osvojuvawe првите бодови.

-Свесни сме за приликата која ни се укажува, а тоа е можност за пласман на Европско првенство. Не знам дали некогаш повторно би имале прилика да се бориме за нешто толку големо и значајно за Македонија. Не’ очекува тежок натпревар против Украина, но ние сме подготвени и се надевам дека ќе оствариме позитивен резултат, изјави Мартин Ѓоргиевски, капитенот на Македонија.

Во вториот меч од групата на стадионот на Македонија Ѓ.П. (14ч.) , ќе играат селекциите на Швајцарија и Летонија.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО