Милевски со проверени сили на контролките со Хрватска и Чешка

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за контролните натпревари против Хрватска на 3 јуни (19 часот) во Риека и против Чешка на 10 јуни (18 ч.) во Храдец Кралове.

– Со нетрпение го очекуваме новиот собир и силните натпревари против Хрватска и Чешка, две репрезентации учесници на Европското првенство. Во составот се фудбалерите кои потврдија дека можат да бидат конкурентни и со најсилните европски селекции.

Остануваме лојални на играчите кои одиграа одлични натпревари во вториот дел од квалификациите за ЕП, посебно против големите фаворити, Англија и Италија. Без разлика на формата или статусот во клубовите ќе бидат тука за главната наша цел – Лигата на нации и пресметките кои не’ очекуваат од септември.

Со нас е и Дарко Велковски, кој е во последната фаза на опоравување од повреда, но без разлика дали ќе може да игра, важно е што како еден од најискусните во тимот и еден од лидерите на екипата е дел од овој собир.

Мораме да поправиме и некои работи во играта ако сакаме да забележиме позитивен резултат на претстојните два меча. Мораме да ја подобриме ефикасноста, повеќе да влегуваме во празен простор, да покажеме карактер, истакна Миевски за интернет страницата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

На списокот на Милевски се наоѓаат следните 27 фудбалери:

Голмани:  Столе Димитриевски -Рајо Валјекано, Шпанија, Дамјан Шишковски- Арарат, Ерменија, Игор Алековски – Работнички, Дејан ИлиевЛИЕВ – Сараево, БиХ

Одбрана: Висар Муслиу – Падерборн, Германија, Тодор Тодоровски – Политехника Јаши, Романија, Никола Серафимов – Фехервар, Унгарија, Јован Манев – Адана Демирспор, Турција, Езѓан Алиоски – Ал Ахли, Саудиска Арабија, Бојан Димовски – Акрон Толјати, Русија, Ахмед Иљазовски- Хвидовре, Данска, Стефан Ашковски – Алашкерт, Ерменија, Ѓоко Зајков – Крајова, Романија , Дарко Велковски- Динамо Букурешт, Романија

Среден ред: Енис Барди – Трабзонспор, Турција, Јани Атанасов – Краковија, Полска, Агон Елезе – Бохум, Германија, Тихомир Костадинов – Пјаст Гливице, Полска, Давор Здравковски – Мадервел, Шкотска, Елиф Елмас – Лајпциг, Германија, Исак Алими – Сепси, Романија, Димитар Митровски – Вараждин, Хрватска.

Напад: Бојан Миовски – Абердин, Шкотска, Милан Ристовски – Бохемианс 1905, Чешка, Дарко Чурлинов – Шалке 04, Германија , Александар Трајковски – Хајдук, Хрватска, Лирим Ќамили- Хвидовре, Данска.

Собирот на репрезентацијата е закажан на 27 мај напладне во Скопје.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО