Грузија и Чешка нерешено – во 3. коло имаат шанси за следна фаза

Репрезентациите на Грузија и Чешка попладнево одиграа само 1:1 во Хамбург и ги поделија бодовите во второто коло.

Првиот гол падна во 23. минута, но поради играње со рака на Чешка и беше поништен гол.

До конечно водство први доаѓаат Грузија во 48. минута од натпреварот преку Микаутадзе, кој беше сигурен егзекутор од белата точка.

Предноста Грузија ја држеше во свој посед се до 59. минута, кога Патрик Шик и донесе голема радост на својата репрезентација за изедначување на резултатот.

До крајот на средбата имаше шанси и на двете страни, но резултатот остана ист до самиот крај. Во последната минута Грузија имаше колосална шанса да оствари голема победа, но нивниот играч шутираше високо над голот.

Со овој резултат, двете репрезентации ги задржуваат шансите за пласман во следната фаза, бидејки имаат уште по едно коло во групата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО