Готово е: Црвена Звезда го доби мечот 20:0 и стана шампион на Србија

Кошаркарската лига на Србија го регистрираше мечот од синоќа со службен резултат 20:0, со што ја направи Црвена Звезда шампион во првенството.

Мечот беше прекинат поради тоа што навивачката група „гробари“ навредуваше Весна Човиќ, сопругата на Човиќ, еден од водечките луѓе во Црвена Звезда, а потоа и поради неколку фрлени предмети на терен.

Партизан не сакаше да излезе на терен потоа без публика, па набрзо потоа се повлекоа и судиите кои беа на паркетот по празнењето на салата, заедно со кошаркарите на Црвена Звезда.

На тоа Партизан возврати дека им се случил скандал и дека ова не е воопшто добро за кошарката во Србија.

Црвена Звезда дури си закажа и церемонија по повод доделувањето на пехарот и медали за кошаркарите во салата Александар Николиќ.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО