Прво па машко: Првото засилување за Жозе во Истанбул, доаѓа од – Реал Мадрид?

Пред неколку дена Жозе Мурињо слета во Истанбул и се договори со Фенербахче за соработка и годишна плата од 10 милиони евра.

Португалецот потпиша на две сезони, а еден од првите потези на клубот од Истанбул беше да го наговорат фудбалерот од Реал, Арда Гулер, да дојде на позајмица во Фенербахче.

Младиот младиот офанзивен играч не играше многу во Мадрид поради големата конкуренција, но и поради бројните повреди, па така одигра само 10 лигашки средби. Меѓутоа, постигна шест погодоци за 373 минути кои ги мина на терен.

Со оглед н а тоа дека Мбапе и Ендрик следната сезона ќе бидат во нападот на Реал, па во таа страшна конкуренција тешко дека Гулер ќе има пак можност да игра и веќе ја разгледувал опцијата да оди кон Фенербахче ако го ослободат.

Мурињо веќе го контактирал претседателот Перез, но и Анчелоти од кои побарал да биде ослободен Арда Гулер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО