Голманите на удар, судијата ќе крене рака и ќе одбројува…

Синиот картон не успеа. ФИФА се откажа од најавената казна за привремено исклучување на играчи поради тактички прекршоци и протести. Но затоа ИФАБ, телото одговорно за правилата на фудбалската игра, најави воведување нова голема промена.

Станува збор за модификација на постојното правило, односно казна, која судиите никогаш не ја применуваат поради страв од несакани реакции.

Кога голманот ја држи топката подолго од шест секунди, судијата мора да досуди индиректен удар за противничката екипа во шеснаесетникот во кој голманот „крадел“ време.

Тоа правило веќе постои, но судиите речиси никогаш не го применуваат и ретко кој се сеќава кога последен пат го видел. Најчесто се гледаат како голманите фаќаат лесни топки и потоа се фрлаат на тревата, се тркалаат и минува долго време пред играта да продолжи. Се разбира, целта е да мине што повеќе време.

ИФАБ посочува дека на тоа ќе му дојде крај и најави дека тестирањата на новото правило ќе започне следната сезона. Според него, голманите ќе можат да ја држат топката уште подолго од претходно, осум секунди, но кога ќе поминат три секунди, судијата ќе ја крене раката и јавно, за да можат и гледачите да видат, да почне одбројување до пет.

Доколку голманот не ја исфрли топката на крајот од одбројувањето, ќе следи казна во форма на корнер за противникот или слободен удар од работ на шеснаесетникот. Правилото прво ќе се применува во пониските лиги.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО