Французите го активираа највисокото ниво на терористичка тревога

Француската Влада ја подигна тревогата за тероризам на највисоко ниво по трагичниот настан во Москва, изјави во неделата премиерот Габриел Атал по состанокот на високи претставници за безбедност и одбрана со претседателот Емануел Макрон.

Во објавата на X, Атал рече дека одлуката која доаѓа неколку месеци пред Париз да биде домаќин на Летните олимписки игри (ЛОИ), е донесена „во светло на преземањето одговорност на Исламската држава за нападот (во Москва) и заканите што и се закануваат на нашата земја“.

Францускиот систем за предупредување за тероризам има три нивоа, а највисокото се активира по напад во Франција или во странство, или кога се смета дека заканата од напад е непосредна. Овозможува исклучителни безбедносни мерки како што се зголемени патроли на вооружените сили на јавни места како што се железнички станици, аеродроми и места за богослужба.

Четириесет и осум часа по нападот во Москва, чиј биланс сè уште не е целосен, државниот врв се обиде да ги одмери геополитичките последици од нападот за кој одговорноста ја презеде Исламската држава и нејзините последици на француска територија.

Планот „Вигипирате “ беше намален на ниво 2 („засилена безбедност – ризик од напад“) во јануари, но сега повторно е активирано највисокото ниво на тревога.

Французите тврдат дека неодамна спречиле напади на ИСИС. „Тврдењето за нападот врз Москва доаѓа од Исламската држава во Хорасан. Оваа организација и се заканува на Франција и беше вклучена во неколку неодамнешни спречени планови за напад во неколку европски земји, вклучително Германија и Франција“, се додава во извештајот.

Денеска треба да се одржи состанок на сите безбедносни служби, а полицијата ќе изврши дополнителен преглед на лицата кои се идентификувани како „ризични профили“ во областа.

ЛОИ во Париз треба да се одржат од 26 јули до 11 август, а Параолимписките игри (ПОИ)  од 28 август до 8 септември.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО