Голгетерот на Милан иднината ја гледа во САД

Фудбалерот на Милан, Оливие Жиру, ќе замине во екипата на Лос Анџелес и ќе потпише договор до крајот на 2025 година.

На Французинот летово му завршува договорот со „росонерите“ и тој како слободен играч ќе се пресели во МЛС лигата во САД.

Жиру (37) го облече дресот на Милан во летото во 2021 година и оттогаш, на 121 натпревар постигна 46 гола и имаше 20 асистенции. Неговото заминување е очекувано бидејќи миланезите најавија дека сакаат да купат млад напаѓач.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО