Дамјан Саздов, помошник тренер во кошаркарскиот состав Феникс 2010, во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ, вели дека со пласманот во разигрувањето за титулата е остварена целта и оти сега фокусот е насочен кон работа со младинските категории.
– Успеавме да ги надминеме првичните очекувања со сенирскиот состав. Пред сезоната имавме за цел да опстанеме, но очигледно со добрата тимска работа отидовме чекор напред и влеговме во втората фаза. Можеме да бидеме задоволни како се одвива сезоната.
Феникс има одлични млади селекции. Во категориите до 12 и 14 години освојуваме први места, додека со селекциите до 16 и 18 години постојано сме во „топ 3“. Имаме перспективни млади кошаркари, а дел од нив добиваат можност да работат и со првата екипа, потенцира Саздов.